Уставниот суд укина три одредби од Законот за царинска управа, со коишто се предвидуваше според оперативните инструкции донесени од директорот да се врши проверка на работна способност на привремено вработените лица и на кандидатите за вработување. Исто така, од Законот е укината одредбата со која се предвидуваше директорот да има право да одлучува дали ќе укине работен однос на лице кое е отсутно три месеци од работа поради издржување казна затвор. Првите две одредби се укинати затоа што Уставниот суд смета дека правата на вработените и на кандидатите за вработување се одредуваат со закон и колективни договори, а не со акти на директорот. Уставниот суд оцени дека во одредбата од Законот за царинско управување, со којашто му се овозможува на директорот да одлучува дали ќе му се укине работниот однос на лице кое до три месеци издржува казна затвор, нема владеење на правото.
Уставниот суд укина три одредби од Законот за царинска управа, со коишто се предвидуваше според оперативните инструкции донесени од директорот да се врши проверка на работна способност на привремено вработените лица и на кандидатите за вработување.
Исто така, од Законот е укината одредбата со која се предвидуваше директорот да има право да одлучува дали ќе укине работен однос на лице кое е отсутно три месеци од работа поради издржување казна затвор.
Првите две одредби се укинати затоа што Уставниот суд смета дека правата на вработените и на кандидатите за вработување се одредуваат со закон и колективни договори, а не со акти на директорот. Уставниот суд оцени дека во одредбата од Законот за царинско управување, со којашто му се овозможува на директорот да одлучува дали ќе му се укине работниот однос на лице кое до три месеци издржува казна затвор, нема владеење на правото.
Со укинувањето на овие одредби директорот нема да има право да врши проверка на работните способности на привремено вработените лица и кандидатите за вработување, ниту, пак, ќе има право да донесува одлуки за укинување на работниот однос на лицата кои издржуваат казна затвор до три месеци.
Основниот текст на Законот за царинска управа е донесен во 2004 година, а изменуван и дополнуван е пет пати.